Интерактивна мапа

previous arrow
next arrow

Slider

previous arrow
next arrow

Slider
Објект „Porta Superium 4“ Комплексот “PORTA SUPERIUM” е лоциран на бул. 3-та Македонска Бригата во населба Аеродром, во непосредна близина на Агенцијата за Храна и Ветерина, како и Средното Училиште ”Димитар Влахов”. Сместен на самата граница помеѓу Општина Аеродром и Општина Центар, овозможува брза и лесна комуникација со централното градско подрачје, па така до Плоштад Македонија е одалечен само 2км., додека пак Железничката станица се наоѓа веднаш до локацијата. Од источната страна има директен пристап кон Општината Аеродром која овозможува голем број на рекреативни, социјални и културни содржини. Инфраструктурно е поврзана со две градинки и две основни училишта, со неколку средни училишта, со Поликлиниката “Јане Сандански”, голем број на рекреативни паркови, маркети, ресторани и кафулиња.

Комплексот PORTA SUPERIUMпретставува современо решение кое одговара на денешните потреби за живеење. Во целиот комплекс се предвидени различни содржини (угостителски локали, трговски дел, супер маркет, деловни простории) кои допринесуваат кон квалитетот на живеење во овој дел. При изградба ќе се употребат високо квалитетни градежни материјали, санитарија и столарија. Во секој од објектите, се проектирани посебни влезови и комуникациски јадра во однос на фукцијата, па така има поседни влезови за деловниот дел, а посебни за станбените делови. Паркирањето е решено како едeн интегрален простор за целиот комплекс. Пристапот кон минус нивоата е предвиден од три страни со што се олеснува комуникацијата на голем број на возила.

Водени од желбата за придонес кон квалитетот на живеење Porta Inzenering Groupго поддржуваат развојот на нови технологии и намалување на трошоците за електрична енергија со воведување на нови smart системи во PORTA SUPERIUM. Во секој стан е предвидено да се вгради smart system, кој ќе овозможи преку апликација да се контролираат сите електрични светла, бојлер, радиатори, клима уред, а исто така и ќе има можност за поставување на детектори за пожар и поплава. Со овој систем ќе се намали потрошувачката на електрична енергија на секоја станбена единица, а со самото тоа овие станови се енегетски по ефикасни.

Зграда 3 и 4 воглавно се со источно и западна ориентација, поставени попречно во однос на Зграда 1 и 2. Трговскиот дел кој се протега од приземјето до третиот кат е интегрално, за разлика од станбениот дел, кој се дели во две згради од 4ти до 10ти кат и поткровје. Во приземјето се предвидени повеќе локали кои се поставени да функционираат како трговски центар, со еден голем простор наменет за супер маркет. Првиот, вториот и третиот кат располагаат со простории кои се флексибилни и можат да се прилагодуваат според посакуваната намена.

Станбениот дел е поделен на две идентични згради во кои има по два влеза. Станбените единици се со ориентација исток запад освен аголните станови кои дополнително се ориентирани кон север и југ. Во зградите 3 и 4 посебно, предвидени се: двособни, трособни и четворособни станови со површина од 40м². до 85м².

Start typing and press Enter to search