Интерактивна мапа

[odberi-kat]

previous arrow
next arrow

Slider

previous arrow
next arrow

Slider

Објект

„Порта Аеродром“


Гордо ви го претставуваме станбено-деловниот објект ,,Порта Аеродром” во населба Аеродром. Ова модерно и урбано архитектонско дело кое е производ на нашиот тим од архитекти кои неуморно и со голема инспирација ја создадоа ,,Порта Аеродром” има за цел да го подобри домувањето и да го разубави овој дел на населбата.

Атрактивноста на локацијата, достапноста до мноштво јавни, културни и трговски објекти (3 градинки, 2 основни училишта, поликлиника, супермаркети...),патеката на кејот на Вардар и парковите во околината, блискоста до централното градско подрачје и динамичното живеење се доволна причина токму тука да го пронајдете вашиот дом. Квалитетот на материјалите кои ги вградуваме ќе му дадат на овој објект долговечност, издржливост и енергетска ефикасност кои се загарантирана придобивка на современиот начин на живот.

Широката понуда на станови со различни квадратури почнувајки од 29 па се до 103 м2, деловните простори и паркирањето на 2 подземни нивоа и партер со сигурност ќе ги задоволат вашите потреби и ќе ви донесат квалитет и стил во домувањето на едно ново повисоко ниво, затоа што вие го заслужувате тоа.

Чест ни е да бидете и вие дел од оваа урбана приказна. Со почит Порта Инженеринг Груп

Start typing and press Enter to search